Асфалт на пристапна улица од 15 метри ,,легна” пред семејната куќа на директорот на ,,Водовод”, Душко Весковски, во населба Злокуќани. Станува збор за уличка која од главната улица Скупи води до објектот.
Она што е интересно е дека уличката е асфалтирана додека паралелно траеја градежните работи на тротоарите на главната улица Скупи, кои, ги изведуваа ,,Улици и патишта” и Град Скопје.
Соседите се сомневаа дека улицата не е асфалтирана со приватни средства, напротив дека искористил државен асфалт без да плати, па токму затоа и алармираа да се праша Весковски околу овие градежни работи и имено – самиот да даде одговори и документи со кои ќе ги убеди дека нема ништо матно.
Во првиот одговор директорот рече дека ќе приложи фактура за ,, ангажирана фирма која посла тампон, истата ја асфалтираше”. Притоа додаде – ,,за извршените работи за оваа пристапна патека”.
Весковски навистина следниот ден – тоа го стори, ја приложи фактурата од фирмата.
За појаснување, фактура се доставува по завршени градежни работи. Неговата датира од 23 април годинава. Пред еден месец.
Но, на прашањето и барањето до Весковски да приложи и банкарска трансакција меѓу физичко лице и фирмата, извод од банка. да ја увери јавноста дека сè е чисто, тој рече дека не платил.

– Сега зборев со татко ми, мајсторите уште немаат сè довршено, некои рабници ги имаат целосно скршено, не им е дозавршена работата, рекле после празнициве. Чим завршат ќе им биде уплатено и ќе ти го доставам изводот – изјави директорот на скопски ,,Водовод”, Душко Весковски.
Иако во еден дел од разговорот тој велеше дека фирмата допрва треба да ги поправа рабниците, иако од фактурата досега има поминато еден месец, во вториот дел од разговорот тој посочуваше дека ,,тие асфалтираа, но влезот не им е направен сè уште – пропаднат е целосно”.
Дали станува збор за ,,искршени рабници” или за ,,пропаднат влез” – не е јасно. Но, она што е многу јасно е дека семејство Весковски добиле асфалт, но синот не приложи материјален доказ – трансакција дека платил од свој џеб – асфалтирање уличка до негова приватна куќа во време на негово директорување со градска фирма.
Весковски до неодамна беше и организационен секретар во владеачката СДСМ. Беше сменет од функцијата на последниот Конгрес.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПРАВИ ДЕНЕСКА ШИЛЕГОВ:
Шилегов зема да сече црвени ленти во Ц.Гора – во Скопје нема што да отвора
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]