Да видиме што правеше денеска Петросаурус Шилегов ℹ
Како што можете да видите на фотографиите, на гробишта Бутел, чиј сопственик е Град Скопје, ,,Улици и патишта”, денеска, си шљакаа асфалт.
Визуелно тоа личеше како да лепеа мастики.

Тука веќе не можеме да зборуваме за естетика, туку за севселенско неработништво, потценување на здравиот разум на гласачите и преплатен фушерај!

Е, токму овие крпенициве кои ги гледате на фотографииве и веројатно ќе се распаднат од жешкото време за кратко, несреќава Шилегов си ги нарекува ,,санација на улици”.
Улиците во ,,Бутел” му се малтене бомбардирани и распаднати, а пазете – некаде воопшто и нема улици! Има козји патеки!
Нема ни доволно канти и контејнери, па во зависност од локациите – ѓубре некаде нема, на други места има за извоз.

ℹ На втората фотографија од галеријата е гробното место на скулпторот Томе Серафимовски. Човекот сам си ја направи скулптурата, права уметност и во 2021 доаѓа некојси Шилегов и ви се случува – нуклеарна катастрофа пред дворот на вашиот вечен дом.
ℹ На последната фотографија, каде се наоѓаше имено и машината на ,,Улици”, е алејата на партизаните.
Ве молам погледнете ги овие крпеници место вистинска санација, оваа нечуена мизерија со која Шилегов мисли да задоволи гласачко тело пред избори.

Ти, Петросаурус, кај твоите покојни од фамилија, вака закрпи како за битанги од некој ,,див запад” или им ја асфалтираше и санираше прописно цела улица со сите салтанати? Да провериме, што викаш?
Од друга страна.
Погледнете на видеото, како Шилегов си го уреди луксузниот дом во Маврово. Нема фушерај! Има скапа куќа и скапа ограда од камења и гранитни коцки.
А, на фотографиите од Бутел може да се уверите како се однесува кон покојниците на даночните обврзници.
Има разлика, нели?
Кога се работи за неговата фамилија има луксуз, скапи куќи и возила во двор, а кога се работи за граѓаните има – негрижа и понижување!
Петро, несреќо, време ти е, маци, да одиш во пензија! Се сложуваш?
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ЗА ДРАМАТА МЕЃУ ДУНАВКА И ВАНЕ:
https://joci.mk/2021/06/23/%d0%b4%d1%83%d0%bd%d0%b0%d0%b2%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d1%80%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%b0-%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b5-%d0%b1/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]