Откако заврши љубовта, Дунавка Трифуновска, македонски модел, го избркала буквално од својот стан во Капиштец, Ване Цветанов, сегашен претседател за унапредување на ревизија во Владата на СДСМ. Да не бидеме груби, но комшии велат -фигуративно го кренала на клоци.
Двајцата беа во брак од лани, откако два пати одложуваа прстенување поради пандемијата.
На Цветанов ова му беше втор брак.
Пред еден месец беа дури и во манастир да им ја благословат љубовта.
Стварно трогателно! Што би се рекло – ни Господ не помогнал.
Наши извори од Чаршијата информираат дека разделбата не била мирна, напротив доминирала Дунавка, велат малку фалело да му ги фрли куферите низ прозорец од зградата.
На блиски пријатели раскажала дека едноставно, Ване, не е доволно ВИП за нејзиниот имиџ и лајфстајл. Ване направил неколку напори да не се оконча бракот со развод, но Дунавка била резолутна околу него – не парирал на нејзиниот гламур.
Поради тоа решила да стави крај на бракот, кој траеше кратко. Откако претходно двајцата ја распослаа целата своја интима на социјални мрежи и по портали претставувајќи се на народните маси како совршен пар. Од совршен пар, како што самите решија да се експонираат медиумски, нивната интима стана сточна храна за секој пропалитет во државава во јуни, 2021 година.

Останатите патетики меѓу двајцата, во вид на најдолни преписки, со навреди и шиканирања, можете да ги прочитате на нивните фејсбук профили.
[Фото: Јавна галерија од фејсбук профили на Цветанов и Трифуновска]
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]