По раскинување на договорот со италијанскиот концесионер, некаде пред 2 години, депонијата Дрисла се врати во раце на Градот Скопје.
За потсетување, изминатите години, машини на концесионерот навремено го затрупуваа ѓубрето со слоеви земја или шут, со цел да спречат загадување на околината. И со тоа Дрисла да не биде ,,црна точка” како што имено беше пред 15 години.

Но, што се случува во моментов? Дали воопшто се применува таква техника на затрупување, каде се машините?
Наши извори ни испратија фотографии од моменталната состојба.
Од она што може да се види на нив, се поставува прашањето – дали Дрисла е темпирана еколошка бомба?
Видливо е дека депонијата не е покриена подолг период, можеби станува збор за месеци, а можеби и две години. Тој одговор го должи градската власт.и Петре Шилегов.
Илјадници тони отпад се едноставно само фрлени на локацијата и оставени да ги носи ветер, да ги разнесуваат кучиња кои ги има во голем број на таа локација, а со тоа да се шири смрдеа, бактерии, канцерогени честички и да демне опасноста од зарази и еколошко загадување на околните населени места.
Од фотографиите кои ги добивме се гледа дека депонијата е целосно запуштена во однос на претходни години кога машини на концесионерот го рамнеа теренот.
Дали во моментов на депонијата се врши само одлагање на скопскиот отпад и толку?Дали на Дрисла се врши одлагање и на отпадот од Тетово, како што велат наши извори?
Петре Шилегов дали е оваа таа европска депонија која ти им ја ветуваше на скопјани?


Со високите температури, како што раскажаа жители на Батинци, Количани и Драчево, повторно почнале да ја чувствуваат реата од Дрисла која ја заборавија 10 години. Труе на киселина и скапано ѓубре во радиус од неколку километри, сведочат граѓани.
На прв мал ветер, делови од отпадот, редовно завршуваат во и околу нивните домови.

Од сликите од Google maps се гледа состојбата на Дрисла во изминатите години, односно негрижата која на скопјани, без скрупули, ја сервира Петре Шилегов и ,,продава” некаква екологија.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
(ВИДЕО ОД ВИКЕНДИЦАТА) Шилегов живее во луксуз, а кај нашите покојни во Бутел – вежба асфалтирање!
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]