Коце и Петре влегуваат во рингот: До победата и по неа!

Пишува:// Јорданка Ивановска-Јоци

Навидум досадно лето, но допрва следува бурата и гладијаторската битка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за метрополата Скопје на локалните избори. Веќе следниот месец, некому ќе му стане тесно во чевлите и во кожата, а тоа дефинитивно ќе биде на адвокатот кој не знаеше да се пензионира кога треба и од пети инсистираше партијата да му даде втора шанса – Петре Шилегов. СДСМ се целосно свесни за ризикот, затоа што политичката сцена е сменета, изгубија многу гласови за овие пет години (150.000), а десничарските гласови се далеку повеќе, вклучително и оние гласачи на ,,Левица” кои на анкети се околу 5 отсто.

Шилегов се потпира на празни зборови и верува дека тоа кај гласачкото тело е доволно. Тој никогаш не сфати колку гласачите се зрели и дека одамна не сме 90-те кога Бранко Црвенковски добиваше избори со три маалски финти на бина.

Сите изјави, веќе отворено, навестуваат дека противкандидат на Петре Шилегов ќе му биде Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ, реално, добро изигра со оваа карта.

Во кампања за нов мандат, Шилегов влегува со НУЛА реализирани проекти и стотина шупливи ветувања на хартија иако неговата партија ја држи и извршната власт, а Коце со цел товарен воз од крупни инвестиции – катни гаражи,  околу 20 обновени булевари, улици, кружни текови, обновен базен, нова сала ,,Борис Трајковски”, паркови, нови автобуси, жичница, плоштади, одржливост на јавните претпријатија на завидно ниво за потребите на граѓаните со нова механизација и кадри, нов мост во Сарај и секако уште многу…Секако, Коце, имаше и свои ,,гревови”, како галиите или фасадите, Но, реално уште ужива углед на работник и некој без скандали и афери.

Коце влегува во трката како докажан менаџер со Скопје без ниедно обвинение за време на владеењето на СДСМ, не го слушавме ни во ,,бомбите”.

Шилегов ќе ,,трча” како човек кому најверојатно му дале да биде градоначалник за да си го билда егото, а и да има мир в куќа, т.е во партијата, затоа што е дел од т.н ,,скопско крило”, близок до Радмила Шекеринска.

Без забележливи проекти, безличен, истрошена фигура, со куп опашки од финансиски скандали зад себе како на пример ,,скала од 1,7 милиони евра” или ,,240.000 евра за новогодишна прослава“. Секако, го најми на тендер и мажот на Царовска за снимање со дронови, а изби скандал и дека за Град Скопје работела и неговата адвокатска фирма.
Тука се и стотиците партиски вработувања за кои не дава отчет.

Контрадикторен е во основа на секој чекор. Го прави она против кое декларативно се бореше во опозиција. Ги исече дел од дрвјата на Кеј, а и на Орце Николов без око да му трепне, а вработува кога сака, без да дава одговори на јавноста.
Една од најголемите слабости му е што не знае да ги слуша граѓаните, не е сталожен, не допре до нив како нивен пријател, затоа што не е народен човек. Не знае да биде скромен, напротив – широкоградо е надмен, арогантен, расфрлан по медиуми со грда дикција и препотентност, лик кој не знае ни да ги извади рацете од џепови на службени фотографии…неговата појава и интервјуа секогаш вознемируваат, не сфаќа дека троши народни пари.

Човек кој се вози во скапи коли, живее во скапа куќа, а само што стана градоначалник купи луксузна вила во Маврово.
Неговиот лајфстајл и невоздржано однесување околу неговата благосостојба едноставно не парираат на секојдневието на скопјани кои се гушат во метеж, загаден воздух и во сиромаштија.
Да, скопјани се посиромашни од 2017 година кога радосно го избраа Шилегов, односно гласаа против Никола Груевски, а добија шипак.
И тоа е многу важен психолошки момент за овие локални избори, кој, СДСМ не го разбира.

Има уште…
Трката допрва почнува.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!