(Тонска снимка) Во Град Скопје одлуки се гласаат како што ќе кажат куклите од СДСМ

Кога нема мнозинство да се изгласа некоја Одлука, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева од СДСМ, која ги води онлајн-седниците, тоа мнозинство го обезбедува на лице место, веднаш и сега, преку комуникација со приватна смс порака до – или од некој член од партија.

Тие методи таа ги применува во случаи кога тој ,,некој”, кој им треба за позитивно гласање е – заспан во моментот, не е вклучен, не сака да гласа.
Или едноставно Јанчева користи секаква друга приватна комуникација само одлуката да ја прогласи за важечка.
Што би се рекло, ќе најде некој и под дрво и под камен преку мобилен, ќе чека ако треба, само тој член да гласа за одлуки во корист на СДСМ.

На последната онлајн седница на Советот на Скопје, токму ова и се случи при гласање на Програмата за култура, каде членот Саит Алеиви од Партијата на Турците не гласаше кога првпат беше прозван од Јанчева.
Програмата за култура беше претходно критикувана од опозицијата дека нуди големи бенефиции и финансиски средства за разни приватни џепови блиски до СДСМ. Токму затоа и ова гласање очигледно беше важно Јанчева да го протурка како знае и умее.

На аудио снимката од седницата може да се слушне како некои членови од ДУИ гласаат ,,против” Програмата за култура, по што на крајот од гласањето резултатот е 6 ,,за” спрема 6 ,,против”.
Женски глас, кој личи на оној на Јанчева, во тој момент може да се слушне како вели – ,,ах, бре”.
Видно незадоволна од изедначеноста во гласањето, по некое време Јанчева може да се слушне како вели дека Саит Алеиви искомуницирал со неа приватно, по што таа му дозволува да гласа! И, магично – Одлуката е усвоена!

Во тој момент, други членови се бунтуваат и жестоко реагираат зошто таа иста можност не ја добил и советникот Ерџан Селими од Партијата на Ромите, да го вклучи по втор пат, но Јанчева ги игнорира, некои и ги исклучува, а седницата продолжува да ја води по сопствен Деловник, правила и партиски убедувања.
И покрај обвинувањата дека го крши Деловникот на секој чекор, таа до крајот на седницата останува глува и им наложува на службите кои седницата ја водат технички, да ја слушаат само неа!

И покрај евидентниот хаос, самоволие и арогантност кои ги внесува Јанчева при водење на онлајн-седниците, да вклучува и исклучува кого таа сака, сето тоа во име на туркање на одлуки на СДСМ, таа неодамна не дозволи отворени седници ,,ин виво” за јавноста како во минатото.
Виртуелните седници се подалеку од очите на јавноста при гласање одлуки и трошење на народни пари. Без новинари, без камери. Или барем досега така мислеа Јанчева и Петре Шилегов!? Можеби од утре кога ќе се слушнат како звучат тонски во етер, ќе решат дека е подобро до избори да почнат да ги почитуваат граѓаните, особено прописите.

(ФОТО: Службена страница на Град Скопје)

АКЦИЈА! ПОДАРУВАМЕ!!!
Со секој купен Липо пакет за слабеење добивате 1 блистер GE132 – 15 дневна терапија за силен имунитет.
LIPO + GE132 одлична комбинација за здраво и брзо намалување на килограмите.
GE 132 според научните студии одлично го штити имунолошкиот систем.
GE 132 ги штити клетките од оксидативен стрес.
Имуно стимулаторот ја враќа енергијата и го регенерира организмот.
Дознај повеќе информации на:  https://www.internationalhealth.eu/mk/index.php
АКЦИЈАТА трае од 09 – 24 Јули.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!