Ден пред одбележување на годишнината од убиството на Џани Версаче (50), пронајдени се тела на двајца мртви мажи во една од собите на хотелот ,,Casa Casuarina” во Мајами, Флорида, кој, претходно беше луксузна вила на модниот дизајнер.
Собарка, вчера, ги пронашла телата, а полицијата во Мајами Бич започна истрага. Причината за смртта и идентитетот на жртвите не се откриени.
Денеска, на 15 јули, се одбележуваат 24 години од убиството на модниот дизајнер Версаче, кој беше застрелан во глава при враќање дома, и тоа на скалилата од истата вила каде се пронајдени вчера телата. Модната легенда беше застрелан од серискиот убиец Ендру Кунанан. Неколку дена по убиството на Версаче и усмртувањето на уште четири други жртви во период од три месеци, Кунанан се самоубива во глава со истиот пиштол ,,Таурус” со кој убил две жртви претходно. Мотивот во сите пет убиства остана непознат.
Death Investigation: This afternoon, at 1:21 p.m., MBPD responded to 1116 Ocean Drive after receiving a call from housekeeping advising of two deceased males. Police and Fire Rescue responded and located two deceased males inside of a hotel room. pic.twitter.com/hBneMlgUrh
— Miami Beach Police (@MiamiBeachPD) July 14, 2021
Вилата, каде беа пронајдени телата на мажите е изградена во 1930 година во медитерански стил. Изградена е на место на стара куќа од 16 век, а во новиот објект биле вградени цигли и од првичната архитектура. За куќата, односно хотелот, се плетат одамна разни прикаски со паранормални феномени за човек со бела коса кој се шета во собите и е војник од минатото. И неретко во теориите на заговор од жителите на Мајами Бич и други, се нарекува – проколната.

Версаче ја купи во 1992 година за три милиони долари. Во неа вложи 30 милиони долари и живееше во неа до насилната смрт во 1997 година. Вилата потоа имаше низа транзиции, беше продадена за 40 милиони долари. Хотел е од 2015 година и во некои од луксузните соби, една ноќ чини околу 1.800 долари.

АКЦИЈА!ПОДАРУВАМЕ!!!
Со секој купен Липо пакет добивате 1 блистер GE132 – 15 дневна терапија за силен имунитет. LIPO + GE132 одлична комбинација за здраво и брзо намалување на килограмите.GE 132 според научните студии одлично го штити имунолошкиот систем и клетките од оксидативен стрес.
Имуностимулаторот ја враќа енергијата и го регенерира организмот.
Дознај повеќе на: https://www.facebook.com/LipoMkd/
Акцијата трае од 09 – 24 Јули.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]