Велимир Смилевски, градоначалникот на Бутел, ако добро ме држи сеќавањето, ја вети градинката ,,Климент Охридски” уште во 2018 година. Не знам што правел типов цели 3 години, но сега има најава на истата најава, ама за наредниот месец, а готова ќе била дуури следната 2022 година. И сето ова пред избори, ветер и магла.
И она најинтересното, како што забележа една моја ФБ пријателка, Цветанка Трајкова – градинката ќе била готова на 31 септември 2022 година!? А, септември има 30 дена! Значи, ако добро ја читаме несериозноста на Смилевски, кој нафрлил набрзина некој датум колку за декор пред избори – едноставно, никогаш нема да биде готова.
И отприлика вака изгледа целата локална власт и челници на СДСМ во Скопје- ,,ќе биде..некогаш”.

А, токму и поради сиве овие шупливи ветувања во главниот град од сите актуелни ликови (Шилегов, Марин, Велимир, Српче, Наумоски, Темелковски…), контото на СДСМ во Скопје е полесно за 100.000 гласови во изминативе 4 години.
СДСМ лани во Бутел губеше на парламентарни. Стварно не знаеме зошто, покрај Велимир….
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/07/20/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%9c%d0%b0%d1%98%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%b7%d0%bb%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%b8-%d0%b1%d0%b5%d1%81/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]