Дивеењето и неконтролираната градба не престанува во Маврово, информира порталот МКД.МК. Месните заедници, жителите, сопствениците на викендици се обидуваат да апелираат до надлежните во општината и во Министерството за транспорт и врски, меѓутоа неконтролираната градба на територијата на Општина Маврово Ростуше не престанува. Во моментов во тек е изградбата на дури 87 викенд куќи.

На 24 јули во Маврови Анови градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски одржал средба со граѓаните и со претставници на неколку месни заедници на која му било укажано на ова најново дивеење на сопствениците на хотелот „Радика“.

На средбата присуствувале и одговорните за урбанизам во општината. Присутни на средбата за МКД.мк сведочат дека и градоначалникот и одговорните службеници за урбанизам рекле дека за овие градежни активности нема дозвола за градба. Жителите на Леуново добиле ветување дека ќе биде интервенирано. На терен изградбата на овие објекти продолжува и во септември.

Од општината на прашањата на МКД.МК нема одговор.

Она што е интересно е дека компанијата ЕСМ, како надлежна компанија за вештачкото Мавровско Езеро исто така има одговорност за давање согласност за градба околу езерото.
Повеќе прочитајте на следниот линк на порталот МКД.МК:
https://m.mkd.mk/makedonija/razno/novi-divogradbi-vo-mavrovo-se-gradat-87-kukji-pod-hotelot-radika
