Два месеца сме први по починати во Европа: Луѓе на СДСМ им умираат како мачки на улица

Цел август и септември 2021 година, Македонија е прва на листата по смртност од КОВИД во Европа (на 100.000 жители).  А, на 3.место сме по смртност – на милион жители.
Бројките се поразителни, а товарот паѓа врз владата и директорите кои ги поставија во изминатите пет години.

Во Македонија луѓето умираат како мачки на улица. Дури и мачките имаат подобра статистика на смртност во однос на граѓаните кои полнат Буџет и плаќаат здравствено осигурување за да умрат брзо, без никој од власта да се сврти назад и да се запраша која е неговата улога во ,, кругот на пеколот.

Иронично, со секој нов ден, владата чиј слоган беше ,,Живот”, докажува дека нема капацитет за ништо повеќе освен за – смрт. И тоа не за било каква, туку за агонична смрт и пеколни маки во кои им умираат луѓе секој ден – или во пожар или во кревети со урина и измет, со гушење, сами, без доволен персонал и нега.

Вакцинацијата очигледно нема поврзаност со починатите, како што тврди владата, бидејќи сме на.9.место по број на вакцинирани – 35 отсто од популацијата има примено вакцини.
Некои од земјите кои имаат пониска стапка на вакцинација од нас на листата – зачудувачки, но немаат поголема смртност!
Всушност воопшто и ги нема меѓу првите десет по број на починати Украина, Белорусија, Албанија.

И со овие највисоки бројки на починати на  цел континент, нема реализирани оставки во Македонија, реконструкција на влада, нема одговорност и наведната глава од министри и премиер, смена во еден куп ешалони во здравството….

Има само цинични службени изјави како незрел обид за зачувување на фотелјите и моќта врз тендерите, а со тоа и врз бизнис профитот.

Без скрупули и без мачнина во стомакот пред шокантните бројки на смртност и нивната неспособност да ја менаџираат КОВИД кризата, уште со ресорот здравство раководи Венко Филипче и сите директори на Инфективни оддели во Македонија.

Во еден ден од КОВИД, во изминатите два месеца, починуваат од 30 до 40 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!