Гинекологот Тоше Митрески (33), специјализант на Гинеколошко-акушерската клиника-Скопје, кој на 6 март годинава физички нападна медицинска сестра на работно место, е осуден од Основниот суд на 4 месеци затвор или една година условна казна, но да не го повтори делото.
Обвинетиот прво ја навредувал сестрата, негова колешка, и тоа пред друг медицински персонал и пациент, а потоа ја фатил со двете раце за врат, ја удирал од ѕид и ја давел, објаснето е во пресудата.

Пресудата е донесена на 31 август со претходно признание и каење од обвинетиот Митрески. Тој, како што се посочува во актот, изразил каење со тврдење дека ги почитува жените и дека нема да го повтори делото.
Обвинетиот има право на жалба, а тужителката ќе бара отштета за нанесени повреди пред граѓанскиот суд.

Во билтенот на МВР настанот беше опишан како ,,инцидент на Гинекологија во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Медицинска сестра пријавила во полиција дека лекар физички ја нападнал во амбуланта. На 6 март во 7 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра, по претходна расправија, била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како лекар. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ – соопштија тогаш од МВР.

Сепак, по пресудата и покрај тврдењето на Митрески дека ги почитува жените, тој, на 5 септември годинава, на социјалната мрежа Фејсбук упати остри, навредливи коментари кон друга жена, со акцент колку е силен со ,,белиот мантил”. Неговиот вокабулар наиде на широка осуда кај женската популација, по што Митрески исчезна, го деактивираше својот профил на Фејсбук, со цел да ја намали штетата по него во граѓанската постапка во предметот каде е осуден.
🎈ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: