Заев, а како ќе ги тргаш таблите од ,,Монопол” каде почна погромот врз Евреите?

Баш ме интересира политичкиот став на Еврејска заедница во Македонија во однос на демонстрацијата на моќ од Зоран Заев, од позиција на премиер, да брише ,,бугарски фашистички окупатор” од споменични плочи и историски книги.

Еве, баш ќе сведочиме како планира Заев да ги трга таблите од цела земја и да ретушира учебници. А, и да го брише ,,бугарски фашистички окупатор од споменикот во ,,Монопол” од каде тргнаа сточните вагони на смртта кон логорот Треблинка и започна погромот врз цела еврејска заедница во Македонија.

Од Треблинка не се врати никој жив – од депортираните маченици од Скопје, Штип и Битола. Службена Софија уште го негира геноцидот и не се извини никогаш.

(Фото: Еврејска заедница на Македонија и Комисија за верски заедници)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!