(Фото галерија) Валканиците на Инфективна: Нечиста крв, урина и мизерија

Наши читатели и граѓани кои се лекувале на Инфективна клиника од КОВИД-19, каде директорка е Милена Стевановиќ, наименувана од СДСМ, ни испратија фотографии од нехигиената – онаму каде треба сè да е стерилно и чисто, за хумано лекување на луѓе.

Во последните два месеци сме први по смртност во Европа од КОВИД, а директорката тоа не го препишува на нехигиена, бактерии и човечки фактор.

На фотографиите од ,,подобрите болнички соби”, како што ни опишаа читателите, може да се видат валканици на кревет, на радијатор, стара крв од непознато потекло, урина на кревети, на под, фрлен искористен медицински памук.

Потоа, може да се видат и завои, врзани за кревет, како прашалник – дали некој, некого врзувал? И, зошто? Дали тоа е дозволено, со завои!?


Отприлика вака изгледаат ,,европските болници” и ,,европското здравство” на Венко Филипче и директорката Стевановиќ, која арогантно и безобзирно, се стави во негова целосна одбрана по трагедијата во Тетово, во која живи изгореа 14 луѓе. Тврдеше дека министерот нема никаква вина, а модуларните болници се – безбедни.

🎈 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!