(ВИДЕО) Додека не грабна власт, Марин тврдеше нема да има зграда кај ,,Мајчин дом”

Додека новиот кандидат на СДСМ за Аеродром, Александар Филиповски – Цанде го иззема од одговорност Златко Марин за зградата кај ,,Мајчин дом”, да потсетиме што ветуваше Марин во кампања пред Локални избори во 2017 година.

,,Нема да дозволиме богатење на сметка на здравјето на граѓаните – тврдеше Златко Марин пред да стане градоначалник, но, ете, откако доби власт – дозволи. Дури и инвеститорот се смени, а на СДСМ не им трепна око.

Во исто време Марин, исто како кандидатот во 2021, Цанде, трубеше и дробеше празна слама за ,,зелени површини, чист воздух, градежни мафии, паркови, затворени пазари, катни…”.

Претходно, Марин, во телевизиски дуели му попуваше на Ивица Коневски зошто не го обештети инвеститорот кај ,,Мајчин дом”.
Тоа истото, откако доби власт – не го направи!

Веќе следната година, кога почна изградбата на зградата, граѓаните бараа оставка од Златко Марин, а тој најбезобразно и веќе својствено на СДСМ – се криеше од нив. Дури имаше и арогантен коментар дека ,,неколку коментари на граѓани, не биле доволни за оставка”.
И еве…дојдоа нови избори, каде СДСМ очајно повторно бара мандат.
На ланските парламентарни избори, кога СДСМ имаше далеку подобар рејтинг од годинава, губеше со околу 2.000 разлика во Аеродром во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!