Апсолутниот победник во првиот круг на локалните избори во Скопје, партијата ВМРО-ДПМНЕ заедно со лидерот Христијан Мицкоски, вечерва, со граѓаните во Ѓорче Петров ја прославија победата и новите градоначалници во пет скопски општини – Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров. Но, и водството на Данела Арсовска пред Петре Шилегов од 7.600 гласа на ниво на цело Скопје, кандидатка која ја поддржаа.
Победата се славеше со зурли, тапани и сплет од македонски традиционални песни меѓу кои и ,,Бисер балкански” и ,,Земјо македонска” Едноставно Ѓорче Петров – грмеше.