Блокадите продолжуваат: Цело Скопје и понатаму парализирано од 200 автобуси

Приватните автобуски превозници ќе го блокираат Скопје со околу 200 автобуси и во наредните денови, најавија од здружението чии претставници учествуваат во блокадата. Бараат исплата на долгот од околу 1,3 милиони евра од Град Скопје, додека градската власт тврди дека работеле незаконски и на некои превозници им ги раскина договорите.

Приватните автобусчии, поради попреченото движење, упатија извинување до граѓаните на Скопје. Изутрина од шест часот  повторно протестираа со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град.

Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемотбеше објавено на Фејсбук страницата на “Слобода превоз“.

Протестите се одвиваа на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание.

Во меѓувреме, Министерстерството за внатрешни работи и Минстерството за правда бараат начин како да се реши проблемот со блокадите на главниот град. Министерот Оливер Спасовски изјавил дека го разбира правото на секој да протестира, но истовремено смета дека граѓаните имаат право да се движат слободно. Апелираше на разговори меѓу засегнатите страни за изнаоѓање на решение кое ќе го деблокира Скопје.
Додека траеја блокадите, канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска беше под силно полициско обезбедување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!