Ленин се журка во ,,Трибека”, градот го блокираат автобуси и навечер

По неколкудневните блокади на главниот град и играње со нервите на скопјани, Ленин Јовановски, претседателот на здружението на приватни автобуски превозници, вечерва, е забележан во доцните часови на забава. Наши читатели ни испратија фотографија од Јовановски на ноќен жур во клубот ,,Трибека” во Карпош. Како што ни раскажаа, тој бил во друштво со неколку мажи и бил видно расположен. Успееја да го фотографираат од зад грб, бидејќи забележал дека е во сечиј фокус.

За тоа време, додека Ленин се журка, метрополата ја има претворено во драгстор 24/7, градот е блокиран и во ноќните часови. Автобуси се паркирани на крстосниците и веројатно нема да бидат поместени воопшто во наредните денови и недели, според ситуацијата на терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!