Обновен коловозот и атмосферската на улицата Т.Александров на Водно

Град Скопје заврши со првата фаза од реконструкција на улицата Тодор Александров [поранешна Салвадор Алјенде] која води кон Водно. Обновата го вклучи и системот за одводнување.

Според надлежните, улицата била во исклучително лоша состојба, па како една од најфреквентните улици за жителите, имало барање за нејзина реконструкција како децениски проблем, но исто така обнова побарале и голем број велосипедисти.

Реконструкцијата на улицата Тодор Александров ќе се одвива во две фази. Ќе биде опфатена површина од 18.580 м2 и вкупна должина од 2.820 метри.

Целосната реконструкција на системот за одводнување ќе вклучи и нивелирање на шахти и сливници.

Проектот го изведува Јавното претпријатие ,,Улици и патишта”, а едновремено Јавното претпријатие ,,Паркови и зеленило” отпочна акција за зазеленување на просторот со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!