Старите клупи, оштетените канти за отпадоци и паркинзи за велосипеди, Општина Центар, ги замени со нови, изработени со материјали со висок квалитет, информираат надлежните. Досега, поставени се вкупно 37 нови клупи, 51 канта за отпадоци и 39 нови локери, односно паркинзи за велосипеди.

– Општина Центар упатува апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон поставената урбана опрема, да не ја кршат и оштетуваат, затоа што тие клупи, канти за отпадоци и локери за велосипеди се јавно добро и ни служат на сите нас, велат општинарите во соопштението.

Додаваат дека на тој начин ги чуваат и ги учат идните генерации на едно ново повисоко ниво на култура и свесност за намената и ползата од урбаната опрема за јавното добро.