Градежните работи на едната коловозна лента од улицата Теодосиј Гологанов, делот кај Клуб на пратеници – се завршени. На терен може да се види дека едната лента е веќе асфалтирана, по што се очекува да се прекопа втората лента.

Според најавите од септември на градоначалничката Данела Арсовска, зафатот ќе трае 5 месеци, а се работи на потегот од кружниот тек кај Католичка црква до крстосницата со булеварот „Климент Охридски“.

– Станува збор за работи во опфат од 5.350 метри квадратни, вклучително и велосипедска патека и тротоари со површина од 4.500 метри квадратни. Ќе има нови рабници, ќе се работи на нова и поопфатна фекална канализација и нова водоводна мрежа, а новото улично осветлување ќе биде со штедливи лед сијалици. Вредноста на работите изнесува околу 43 милиони денари, рече тогаш Арсовска.

Додека траат градежни работи, автобусите на ЈСП со број 5 и 4А ќе имаат нов сообраќаен режим во овој дел од Скопје.
