Портретите на екс градоначалниците ќе се вратат на старо место, салата се реновира

Во интервју за Канал 5, вчера, на прашањето зошто се преместени во хол портретите на минатите градоначаници на Скопје, градоначалничката Данела Арсовска одговори дека тоа било медиумски обид за сензационализам. Според неа, салата за состаноци, каде имено се наоѓаа, во моментов се реновира и тоа е главната причина.

-Подобро е да се во хол, отколку во некој магацин. Ќе се вратат кога ќе заврши процесот на реновација. Во ниту еден случај никој во Градот не сака да покаже непочитување кон оние кои го воделе Град Скопје. Апсолутно ќе се вратат, потенцираше Арсовска.

За потсетување, медиумот кој ја објави информацијата за портретите на бившите градоначалници, СДК.МК, побара одговор од службите на Арсовска зошто се преместени во хол кај вецињата – но, не добија службено објаснување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!