Заканите со бомби во земјава, како терористички план за дестабилизација на земјава, продолжуваат. Денеска беше затворен меѓународниот аеродром, а антитерористички екипи прават проверки и во хотели, молови и училишта ширум цела земја.
– Дoсега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – соопштија надлежните од МВР.
Во текот на вчерашниот ден, закани за бомби, кои потоа се востанови дека се лажни, добија 49 училишта.
Порталот ,,Кумановски муабети” ја објави електронската пошта со закани до едно училиште во која беше потенцирано дека терористите имаат намера да уништуваат и да убиваат.
[ФОТО: ТАВ]