Низ центарот на градот се забележува почеток на новогодишното украсување, кое, годинава е – задоцнето. Традиција е градот да е украсен до 15 декември.
Во интервју за Канал 5, градоначалничката Данела Арсовска, информираше за почеток на новогодишните активности кои стартуваа од плоштадот.
–Ќе има новогодишен базар и мини забавен парк. Исто и новогодишната програма, но не со обем како минатите години, поради економската криза – рече Арсовска.

Украсите со кои ќе биде накитен плоштадот и потесното централно подрачје не се купени од Градот, како што беше замислата лани.
Прославата годинава ќе биде со домашни изведувачи, потенцираше таа.