Ватикан го разреши свештеникот кој го поддржува Трамп и се противи на абортус

Отец Френк Павоне, водачот на американското движење против абортусот и силен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, е разрешен од католичкото свештенство поради „богохулни“ објави на социјалните мрежи и непослушност кон бискупите.

Ватикан го отпушти Френк Павоне во ноември, според писмото испратено од амбасадорот на Ватикан во Вашингтон до американските бискупи. Во писмото се вели дека Павоне нема право да се жали.
Павоне беше разрешен поради „богохулна комуникација на социјалните мрежи и упорна непослушност кон законските упатства на епархискиот бискуп“, се вели во писмото.

За време на претседателската кампања во 2016 година, тој објави видео од абортиран фетус на олтар и ги повика католиците да не гласаат за демократската кандидатка Хилари Клинтон, која подоцна загуби од Трамп.
Кога Трамп загуби од Џо Бајден во 2020 година, Павоне беше меѓу поддржувачите на Трамп кои се сомневаа во валидноста на изборите.
Во објава на Твитер од 2020 година, тој зборуваше за „поддржувачите на проклетиот губитник Џо Бајден и неговата морално корумпирана, Демократска партија што ја мрази Америка и го мрази Бог“.

Тој рече дека не добил официјална потврда за неговото заминување од Ватикан и го критикуваше Ватикан дека им се обраќа на медиумите, а не на свештеникот. Тој додал: „Никогаш нема да го напуштам свештенството".

Во видео што го објави во неделата, Павоне, кој сè уште ја носи својата свештеничка јака, вели дека бил „прогонуван во црквата со децении“ и ги исмејувал своите критичари како „најглупави во светот“.

[Фото: Френк Павоне, Инстаграм]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!