Салата ,,Партизан” ќе биде готова следната година

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски деновиве беше во обиколка на спортскиот објект „Партизан“ во Карпош 4, за да се запознае со динамиката со која се одвива реконструкцијата на салата.

Изведувачот, како што велат општинарите, го запознал градоначалникот со ситуацијата при што го информирал дека реализацијата се одвива беспрекорно на зацртаниот проект за ревитализација на овој култен спортски објект за карпошани.

Очекувањата се дека спортската сала ќе биде целосно реконструирана и пуштена во употреба во текот на втората половина на следната година.

Реконструкцијата ќе чини 69 милиони денари (1,1 милион евра) кои се обезбедени од Владата. Изведувач на градежните работи е фирмата ‘Спектартермо”. Салата, која две децении беше распадната и запуштена, а беше изградена во 1969 година, сега се реновира според проект на архитекти од Шпанија и Бразил. Обновата започна во април 2022 година, а се очекува да заврши во октомври, 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!