Дали медиумите во Македонија преку последната анкета на Институтот за републиканско истражување [ИРИ] го најавуваат враќањето на Никола Груевски во Македонија со цел да биде политички инструментализиран за ,,француски предлог” и влез во ЕУ?
Односно, неговата популарност да биде искористена за добри цели – да го повика народот да биде понежен и кооперативен при менување на Уставот? Со други зборови, да го амортизира незадоволството преку јавен повик.
Ќе видиме. Но, малку е нејасно кога медиумите го вадат во блескав наслов еден Груевски, додека во анкетата е потенцирано огромното незадоволство на граѓаните од сите политичари, околу 40 отсто. Тоа не е добар наслов?!

Втора работа. Неделникот ,,Фокус” пред некоја недела веќе изрази сомнеж за разработен план – Груевски на овој начин да си го купи враќањето во земјава, семејниот мир, откако Стразбур ќе ги прифати аболициите на Ѓорге Иванов. Откако ќе си ги заврши сите ,,домашни задачи”, единствен услов до кој треба да се придржува е – да биде подалеку од политика во иднина – и во прв план и од сенка.
Каков рејтинг по оваа кооперативност ќе има Груевски, ако е точно, тој си знае.