Вести од Центар: Ќе се гради катна гаража на Народен фронт, а во тек е исплата на помош за пензионери

Во тек е исплата на еднократната парична помош за пензионерите, кои се пријавиле на јавниот повик од 3.300.000 денари, информираа надлежните од Општина Центар

– Во услови на економска криза, зголемени сметки за струја и зголемени трошоци за пазарење во пресрет на новата година обезбедивме еднократна парична помош за пензионерите со пензии до 17.518 денари. На повикот се пријавија околу 1.500 пензионери и за нив исплата во моментов е во тек. Сигурен сум дека средствата ќе им бидат од помош за поспокојно да ги поминат новогодишните празници, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој во ,,Утрински брифинг” информираше и за другите социјални проекти во Општината, а во соработка со општествено одговорните компании најави и доделување на околу 3.000 пакетчиња за децата во болниците, во здружението за Даунов синдром и во малите групни домови.

Капитални проекти за следната година кои се однесуваат на најголемиот проблем во Центар – паркирањето, ќе бидат катна гаража и нови паркинг места кај зградата на Општина Центар.

– За следната година, градоначалникот ја најави изградбата на катната гаража на „Народен Фронт” во Капиштец за 260 возила и новата општинска зграда на чија парцела на две нивоа треба да се ослободат околу 300 паркинг места – известуваат од општина Центар.

Исто така, Герасимовски кажа и за основањето на претпријатие за производство и продажба на струја за кое се спроведува проценка колку би чинело оформувањето и бенефитот. Проектот предвидува поставување на фотоволтаици во јавните објекти на училиштата и градинките и јавните претпријатија како ПОЦ.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!