Општина Бутел, денеска, го пушти во употреба новиот спортско-рекреативен центар ,,Македонија” на површина од 6.000 метри квадратни во населба Радишани.

Центарот опфаќа фудбалско игралиште со вештачка трева, баскет игралиште, детско игралиште со мека подлога за најмалите, фитнес зона, нов парк и нови зелени површини со клупи.

Комплексот е осветлен со лед економично осветлување, а располага и со паркинг, информираа надлежните од Општината.