Весна Змијанац, некогаш најголема екс ЈУ ѕвезда покрај Лепа Брена и Здравко Чолиќ, изјавила дека најголема заработка и` донеле песните „Kad zamirishu jorgovani“ дует со Дино Мерлин и „Nevera“. Според нејзини тврдења, од овие две мелодии заработила по 500.000 евра.
Во емисијата „Амиџи шоу“ Весна открила дека секогаш би избрала добра песна ако треба да избере помеѓу половина милион евра во кеш или хит: „Можете да заработите најмалку 500.000 евра од само еден мегахит кој трае со години. Тоа мора да е сериозна песна, како, на пример, „Jorgovani“, која се слуша повеќе од 35 години. Исто така, „Nevera“ што ја снимив пред 45 години, а сè уште ја пеам на концерти. Замислете колку пати сум ја отпеала за сите овие години и колку заработив од тоа. Дури и во денешно време, еден таков хит може да носи пари”.
Весна признала и дека би сакала да сними дует со ќерката Николија, која исто така се занимава со музика, но не со народна. Само треба да ја најдат вистинската песна.
Интересно е што Николија ги носи работите на мајка ѝ од настапите од нејзината возраст, па и да дојде дует, сигурно ќе биде хит.
Во осумдесетите, песната „Kad zamirišu jorgovani“ се најде на топ-листата на најголемите хитови на тогашната територија на Југославија. Објавен е на албумот на Весна „Istina“ продаден во рекордни 900.000 примероци, а Мерлин еднаш во едно интервју откри како дошло до соработката: „Дуетот настана по неуспешниот трет албум. Добив идеја да снимам дует, но не знаев со кого. И додека разговарав со менаџерот во кафеаната за тоа, една колешка ми рече: Весна Змијанац! Веднаш се спакувавме, се упативме кон Белград во студиото каде Весна ја снимаше плочата, Весна по првото слушање реши да го сними овој дует.
[ФОТО: Весна Змијанац, Инстаграм]