По должина на пешачката патека покрај Кејот на реката Вардар, Град Скопје и ,,Паркови и зеленило” засадија 378 дрвја, и тоа на потегот од мостот Обединети нации до мостот 8 Септември. Овие дрвја значително ќе придонесат за раззеленување и разубавување на просторот и за поздрава животна средина, објаснија градските власти.

Овие 378 дрвја се дел од акцијата на општествено одговорното претпријатие ,,Стопанска банка” за ЈП „Паркови и зеленило“ – од вкупно 1.500 високи дрвја која ќе се засадат во следниот период. Дрвјата ги засадија стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, а под надзор на стручни лица од Факултетот за шумарство и од Факултетот за земјоделство, информираа надлежните.
-Посветено работиме на подигање и уредување мега-паркови и зелени површини со засадување нови дрвја, а особено е важна соработката со општествено одговорни претпријатија кои се грижат за средината и се поттик и за другите да отпочнат со слични проекти – се вели во соопштението.
ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: