Советничката група на ,,Зелен Хуман Град” која брои два члена во Советот на Скопје поднесе 14 буџетски амандмани за зелено и хумано Скопје, информираа советниците.

-Сите наши амандмани се составени преку активистичките групи кои се членки на ЗХГ, како и граѓанските проекти испратени преку платформата ,,Мој Град”. Осумте категории на кои се однесуваат нашите амандмани се: енергетска независност, намалување на аерозагадувањето и зголемена инспекциска контрола, помош за најзагрозените категории на граѓани, зголемено зеленило и негов мониторинг, справување со отпадот, намалување на депониите, професионално и партиципативно планирање на ГУП, унапредување на велосипедизмот, хуман третман на животни – се вели во соопштението.


Во прилог погледнете ги сите амандмани со слики и линкови до нивна детална анализа:
https://drive.google.com/drive/mobile/folders/15f6h7jhLQUeXDe_-Ki1QwwwWlMOV3ZMf
Буџетот на Град Скопје и амандманите ќе се најдат на седница закажана за утре.

ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО: