Нова Година во Старо Скопје: Во Офицерски дом свирел воен оркестар и се делело прасе на лотарија

Пред точно еден век во Скопје, Нова Година традиционално се прославувала во Офицерскиот дом. Се подготвувала претстава со старица потпрена на стап, која точно на пладне си заминувала, а наместо неа, доаѓала млада девојка која имено ја претставувала новата година. Претставата била надополнета со воен оркестар, се организирала лотарија, а добитниците добивале печено прасе и торта.

Во Офицерскиот дом, изграден и пуштен во употреба во 1929 година, подоцна урнат во земјотресот 1963 година, се прославувала и Стара Нова Година – со крофни во кои се делела златна паричка.

Историските податоци велат дека камен темелникот на Офицерскиот дом бил поставен во 1925 година, а зградата е осветена во 1929 година. Изградена била во време на скопскиот градоначалник Јосиф Михајловиќ, по проект на рускиот архитект, Вилијам Баумгартнер и била подарок од Александар Караѓорѓевиќ Први.

Пречек на Новата Година, освен дома и во Офицерски дом, се организирала и по кафеаните ,,Метропол”, ,,Бристол” и ,,Балкан”.

Празникот Бадник, пак, се организирал на плоштадот каде се варела ракија во голем казан и се собирале многу луѓе кои доаѓале со пајтони. На Бадник се месела погача со паричка, а се готвеле посни јадења – сарма, грав, риба. Други верници меселе погача со паричка на Василица.

РЕТРО СКОПЈЕ, ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!