Инвестирани се 3 милиони денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ во Бутел со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка, информираат надлежните од Општината Бутел.
Детската градинка „11 Октомври” доби: нови креветчиња за сите јасли групи во сите клонови, нова апаратура во пералната која не е промената од 1978 година, нови дидактички играчки, детска едукативна литература, помошна апаратура во кујната, бела техника составена од професионални правосмукалки намените за подобра чистота во објектите, нови табли и подни подлоги, душеци, прекривачи, фротирки.

– Општина Бутел вложува во подобрување на стандардот на образованието, при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст – потенцираат надлежните и додаваат дека детскиот развој им е врвен приоритет, затоа и во иднина континуирано ќе вложуваат во градинките!