Поставени безбедносни столпчиња пред ОУ ,,Киро Глигоров” во Капиштец

Општина Центар информира дека постави средишни столпчиња долж улицата Адам Мицкијевиќ, пред главниот влез на ООУ „Киро Глигоров“ во Капиштец со цел да се се зголеми безбедноста на пешаците и учениците кои учат во ова училиште.

Најкритичните точки на улиците се околу основните училишта и градинки, а постојаниот метеж и фреквентност на возила на оваа улица секојдневно е потенцијална опасност за секој пешак.

Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет и обврска на Општина Центар, велат надлежните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!