Миленко Неделковски на својот Ју Тјуб канал, вчеравечер, изнесе сериозни тврдења дека месецов биле претепани синовите на експремиерот Зоран Заев и неговиот брат во родниот град, Струмица. Веста се шири со брзина на светлина, а од Заеви нема демант на изнесените неофицијални информации.
Според Неделковски, тепањето се случило на 5 јануари годинава во дискотеката ,,Аватар” во Струмица. Обезбедувањето, кое требало да ги штити синовите – не реагирало и не пружило заштита кога влегле неколку лица кои ништо не зборувале, само ги претепале со боксови и клоци децата на Заеви. Оттогаш сите медиуми, лица кои креираат јавно мислење и релевантни институции – молчат, обвини тој.
Неделковски упати остро обвинување до МВР, болниците и обвинителство дека го кријат случајот на претепувањето, кој според него можеби е некаква порака до Заеви, кои учествуваа во промена на името на државата.
Повеќе детали на следниот линк од вечерната снимка на Неделковски: