Бидете сигурни дека ќе бидат активирани сите европски механизми, така што ќе може да се заврши оваа анти-бугарска омраза и хистерија”. Ова во вторникот го изјави бугарскиот претседател Румен Радев како реакција на инцидентот што се случи во Охрид во кој беше истепан секретарот на бугарскиот културен центар „Цар Борис“ Кристијан Пендиков.
Официјална Софија со нетрпение го чекаше новиот ден за да ни се закани со ново спуштање на рампата и со нова блокада на патот на Македонија кон зачленување во европското семејство, а беше повлечен и бугарскиот амбасадор од Скопје.
Ваквите потези, несомнено, можат да се сметаат за искористување на дел од европските механизми што ги најави бугарскиот претседател, но тоа што во моментов најмногу ја интересира македонската јавност е што сѐ се подготвени соседите да направат и што уште можат да сторат за да ни наштетат во процесот на преговори со ЕУ?!
Дали навистина постои бугарска „црна листа“ за македонски новинари, политичари и професори на кои ќе им биде забранет влезот во Бугарија оти „работат против бугарските интереси“?
„Новинари, људи, незнани и знани“
Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски во разговор за Плусинфо вели дека дефинитивно постои бугарската „црна листа“ и дека ние допрва ќе се соочиме со бугарската суровост.
– Вазалската политика на нашите неспособни политичари си го зема данокот. Постојано ја веднат главата, никогаш немаат став, секогаш се правдаат и на крајот, кога некој ќе намириса дека може да оди до крај, тогаш тој без проблем оди до крај. И ова беше нормален редослед на бугарските барања. Во ниеден момент не покажавме јасен став до каде може да се оди, туку постојано им попуштавме на соседите. Јас веќе наслушнав, па имам целосно право да верувам дека постои бугарска „црна листа“ на која се наоѓаат имиња и презимиња од Македонија. Новинари, професори, политичари од Македонија, за кои Бугарија смета дека работат против бугарските интереси, нема да можат да стапнат на бугарска територија. На проблемите им нема крај. Прво, ова е еден силен притисок за да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, а кога ќе се случи тоа, тогаш ќе ни испорачаат нови барања – ќе бараат раководни позиции, поголеми права и сл. Инфилтрирањето преку маргинални типови како лидерот на ГДУ и истепаниот охриѓанец Кристијан Пендиков, кои, всушност, се тотално нереализирани личности, ќе го има сѐ почесто и почесто, оти луѓето го прават тоа од економски причини, а не од љубов кон Бугарија – посочува Пекевски.
Тој вели дека големо изненадување претставува молкот од европската заедница.
Прочитајте повеќе на следниот линк: