Топ тема: Петар Арсовски најави коалиција меѓу СДСМ и сите албански партии на изборите во 2024

Возможна е коалиција за изборите 2024 меѓу СДСМ, ДУИ, Алијанса, ,,Огнените” и сите други албански партии кои се ,,за” уставни измени, најави вечерва аналитичарот Петар Арсовски во ,,Топ тема” на Телма.

Дебатирајќи околу уставните измени и отпорот на ВМРО-ДПМНЕ кон нив со став дека бугарските барања се уцена, тој оваа можност, но во прашална форма, му ја најави на аналитичарот Сашо Клековски, кој е член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски смета дека дури и да има таква коалиција, нема да стасаат до 2/3 мнозинство за уставни измени. Тој рече дека и во моментов постои коалиција под име ,,европски фронт” меѓу наведените партии и дека планот им е целосна изолација на ВМРО-ДПМНЕ со наратив дека е антиевропска партија, што според него не е точно. Станува збор за фронт кој штити единствено партиски интереси, а не државни, смета Клековски.

Аналитичарот Висар Адеми рече дека е возможно по изборите ниедна албанска партија да не коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и според него, во ноември, токму поради тоа треба да овозможат да поминат уставните измени, а за возврат од меѓународната заедница да бараат фер избори.

Според Клековски, тоа би било пораз за ВМРО-ДПМНЕ кој на избори би одел со голем товар. Најави дека партијата пред избори ќе каже како Македонија да влезе во ЕУ без уставни измени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!