Општина Центар, денеска, започнува со реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Зафатот ќе опфати поставување на нов горен и долен слој на асфалт, водоводна и атмосферска канализациона мрежа, нови тротоари и рабници, а ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата. „Ленинова“ ќе добие и нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување по цела должина на потегот.

Со оваа реконструкција Општина Центар им излегува во пресрет на жителите, кои на крајот ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност, информираа надлежните.