
Предлог промените на Изборниот законик наидоа на негодување и незадоволство кај нашите иселеници кои се обединети во Форум за демократска Македонија (ФДМ). Во нивното соопштение до јавноста, потенцираат дека ваквите промени не одат во прилог на демократските процеси во Република Македонија.
,,Со предлог измените во Изборниот законик со кои се предвидува именување на членовите на Државната изборна комисија со просто наместо двотретинско мнозинство, владеачкото мнозинство, предводено од СДСМ и ДУИ, создава нов преседан и се продолжува праксата на заобиколување на демократските процеси”, велат од ФДМ.
Од друга страна, сметаат дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба да покаже конструктивност, наместо блокирање на изборот на Државната изборна комисија. Прашањата од долгорочно значење за државата и граѓаните не смее да се сведе на блокирање на клучни процеси заради теснопартиски интереси.
,,Менување на Изборниот закон и блокирање на институциите не се дел од позитивната листа за подготовка на фер референдум. Во историски моменти за Македонија политичките лидери треба да покажат зрелост, лидерство и одговорност во интерес на македонските граѓани”, сметаат иселениците.
ФДМ очекува да се спроведе референдум за промена на името на кој сите граѓани, ќе имаат можност да учествуваат во носењето на најважната политичка одлука од осамостојувањето до денес. Одлука, не само за денешната, туку и за сите следни генерации.
Линк до ФДМ :