
Членот на СДСМ, Никола Мемов, и официјално потврди дека негов проект добил грант од Фондот за иновации и технолошки развој ( ФИТР).
Но, и покрај инсистирањето да даде детали, тој не одговори на прашањата колку пари од колачот ќе добие тој лично, бидејќи ем е автор на проектот, ем ќе учествува во негова имплементација. Не обелодени ни за каков проект станува збор, а ни на која фирма и` бил консултант.
,,Јас се јавувам само како консултант на еден од проектите. Ниту е моја сопственост, ниту ништо. Точно е дека проектот/идејата е моја.
Точно е дека јас работев на изготвувањето на проектната документација на еден од проектите добитници на грант. Компанијата што го доби проектот не е во моја сопственост, ниту пак јас сум вработен во истата. Се работи за консултантски ангажман за изготвување на проектната документација и ангажман при имплементацијата”, изјави Мемов.

Во неговиот случај, иако е активен член на СДСМ и близок до високото раководство, тој не гледа конфликт на интерес. Се смета за успешен себеси и не гледа проблем што е партиски човек, а негов проект добил владини пари, токму во време на владеење на неговата партија.
,,Што се однесува до мојот партиски ангажман, кој е околу 25 години, тој е континуиран во целиот овој период (впрочем ние лично се познаваме од тој период) и апсолутно нема никаква врска со мојата професионална кариера”, појасни тој.

Повеќе за проектот на Никола Мемов, со кој се пофали јавно, на следниот линк :
И Никола Мемов од СДСМ се ,,омрсил” со пари од Фондот за иновативност