Обезмуден, малокурест шалтерџија

,,Раскажувачката”

Пишува: // Фросина Ѓорѓиоска

 

,,Ало, ,Македонски железници’, повелете”. – се јавува машки глас.
-Добар ден, ве молам кажете ми во колку часот утре е првиот воз за Богомила? – , прашува другарка ми Мартина.
-Ауу, па вие имате прекрасен глас. А што барате во Богомила? – глупак во најава.
-Одам на планина. Кажете ми во колку часот е возот – , упорна другарка ми.
-А, со кого одите?
-Сама. И кажете ми кога е возот, аман веќе !!! – , видно изнервирана од непочитувањето и непрофесионалноста на некој си таму лик на кој одењето од Центар до Драчево му е авантура, а од Скопје до Богомила  – научна фантастика.
-А мажена сте?
-Не. Но тоа не е ваша работа. Пред да ве пријавам кај надлежните кажете ми кога има воз за Богомила.
-Леле, не сте мажена, а ќе одите сама за Богомила. Што бара жена сама на планина? Па како ќе одите така сама без маж до вас?
-Слушај ваму, кажи ми кога е возот и ич да не те боли тебе како јас ќе одам во Богомила.
-Па, каква жена сте вие што оди така сама по планини? Срамота од ваша страна. Тоа не е права жена. Мојата не смее да оди така сама нигде, а не па по планини да скита. Не е нормално тоа. Се знае дека жената е помалце од мажот и затоа мора да го слуша.
-Во моментов вртам кај директорот за да ве пријавам за нецивилизирано однесување и за недавање на информации за возниот ред, што е ваша работа. Ќе ве пријавам дека не си ја вршите работата како што треба. Навреда и рушење на приватноста на странките е плус, за тоа и тужба може да добиете – , вели Мартина.
-Возот ти е во 6:40. Кучки, недомаќинки сте вие таквите што сами без маж скитаат. Распуштеници. Затоа никој нема да ве земе – , конечно заврши муабетот.

Иначе, батево имаше среќа што му се јави Мартина, а не јас, затоа што таа е толку културна, фина и достоинствена, што до сега од нејзината уста нема излетано ни пцовка, а не пак навреда или повишен тон. Јас да бев ќе му отидев и ќе го извадев од шалтерот кај што е напикан, а после тоа – среќна Задушница.

Да луѓенца мои, ова го има во 21 – ви век. Се случи пред една година, кога со Мартина одевме на Outdoorfest Даутица во планинарскиот дом во Папрадиште кај нашите пријатели. Случајот го пријавивме кај шефицата на тој оддел. Ни кажа дека ако сакаме може да тужиме и дека таа ќе превземе санкции. Исто така ни кажа дека наредниот ден човекот е прва смена и дека ќе е единствениот машки лик на смена, па може лесно да го препознаеме.

Сабајлето отидовме за Богомила. И купивме билети од кај истиот. Батето имаше негде накај 42 – 43 години. Кога го видов каков е, одма сфатив зошто е толку несреќен.

Па, човекот има супер фаца за на радио или за на телефон. Сино кошулче со кратки ракави, графички издизајнирано со траги од пот под мишка, закачено на нешто што би требало да личи на тело на човек, но се поише личи на стуткана салфета.

Не дај боже да дувне ветер. Главата поширока од рамената и на таа лобања инсталирана фризура на која може да му позавиди и стилистот на Трамп. Зачешлана од десно на лево. Гел се подразбира. Столчето намерно му беше ставено два метри подалеку од шалтерот, затоа што ако е поблиску, носот од шалтер ќе му излезеше. Ако кивне – цунами. Ко ќе настине може слободно пожар да гаси со носот. Под носот имаше залепено мртов стаорец. Во нормални случаи тие влакна се викаат мустаќи, но не и во овој случај. Панталончињата два броја поголеми, дигнати до гради. Кошулчето обавезно пикнато во панталончиња. Здивот уште во 6 сабајле му мирисаше на ракија. Преку шалтер.

Страшното е што овие малокурести, обезмудени мажиња, можат да бидат насилни со своите сопруги. Штом со странки не знае како да ги канализира своите фрустрации, а му зависи лебот од тоа, кој знае каков третман добива жена му по дома.

Што да кажам за ваквите ликови освен дека мајката природа си поиграла со нивниот коефициент на интелигенција. Дрисла е цветна градина во споредба со нивниот ментален склоп.
Не сакам да создавам непотребна паника, но морам да напоменам дека нашава држава е нападната од едно многу опасно оружје против кое е тешко да се бориме, а тоа е простотилакот. Што да правиме ние другите? За почеток ќе вежбаме издржливост, бидејќи нема друго чаре. Единствен спас од вакви примероци е контрацепција или абортус, по можност со ретроактивно дејство.

Ееее, моја жална Македонијо. Градиме институции, не градиме карактери. Отвараме школи и факултети, а се понеписмени шетаат наоколу. Место да креираме вистински образовани луѓе, со правилен кодекс на однесување, со критичка писменост и интегритет, ние креираме учено незнаење. После секојдневно налетување на вакви и слични примероци губам секаква надеж дека ќе не` биде.

Настаните се вистински, но имињата на ликовите се измислени. Секое преклопување со имиња на вистински луѓе е коинциденција. 

© Сите права се задржани. Производот е авторски и интелектуален труд. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот на веб страницата. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот.  Секое недозволено преземање ќе биде санкционирано според Закон за авторски и сродни права. 

Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!