
Нов триумф на младиот македонски тениски ас, Калин Ивановски-новата надеж на Македонија. Го освои првото место и трофејот на турнирот во Хаселт, Белгија.
Од утре, нашиот талентиран тенисер Ивановски, ќе биде на 11-то место на Европската листа за млади тенисери до 14 години.
Пред еден месец, тој, освои бронза на Европското првенство за тенисери до 14 години, кое се одржа во Чешка. Со овој успех оствари досега најдобар пласман на македонски тенисер во историјата на овој турнир и отвори нова страница во историјата на македонскиот тенис.