Граѓаните на протестот порачаа : Марш од Аеродром !

ФОТО: А1 ОН, МАКФАКС

Неколку стотици граѓани од 17 часот протестираат во Аеродром, на улицата Васко Карангелески, пред парцелата каде Општината издаде одобрение за градење на деветкатница. Постојано пристигаат и други граѓани кои им се придружуваат пред ,,Мајчин дом”.
На лимените табли, со кои е оградена парцелата, со црн спреј, револтирана граѓанка испиша-,,Марш од Аеродром”. Жителите бараат сопирање на градбата по секоја цена и оставка од градоначалникот Златко Марин. 

Вчера, во пополноќните часови, инвеститорот, на плацот донесе багери за ископ на дупка за зградата.

По повод најавениот протест и гневот на жителите, прес конференција одржа градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.  Се правдаше дека е немоќен да ја спречи градбата. Рече дека урбанистичкиот план, усвоен во време на неговиот претходник, имал 13 забелешки и се наоѓал од лани пред Уставен суд. Но, судот не се произнел околу нив.
Но, дури и да го поништи планот, изградбата на деветкатницата не може да се спречи.

На новинарско прашање, како може Општина Центар да прогласи мораториум за одредени планови, а Аеродром-не, имајќи предвид дека станува збор за локални челници од иста партија и ист град, Марин ги упати новинарите да го прашаат градоначалникот од Центар како прогласил мораториум.

Марин, според неофицијални информации, ја издал дозволата неодамна.
Пред да стане градоначалник, во кампања, вети дека ќе ја сопре оваа градба. И имено на тие ветувања, дека ќе ја сопре градежната инвазија, ги доби изборите.

Премиерот Зоран Заев на 27.9.2017, пред локалните изнори, на митингот во Аеродром на жителите им вети чесни луѓе и блескава општина, покажувајќи со раката кон кандидатите за членови на Советот од СДСМ и Златко Марин. Вети и чист воздух, зеленило, но од она што се гледа на терен- празните зборови станаа секојдневна одлика на оваа Влада и нејзините градоначалници. 

Деветкатницата ќе се гради на зелена површина. Жителите се гневни, бидејќи изградбата е своевидна еколошка катастрофа-според урбанистичкиот план ќе се сече дрворед и ќе се уништи зеленилото

Аеродром е најзагадената општина во Македонија, но и најбројна, во неа живеат околу 90.000 жители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!