Воден свет, односно просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.

– Оддамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете – изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.
Во моментот се изработува проект за планираниот објект, појасни тој. Ќе се работи во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на Градот. Галетановски се надева дека во 2020 година, Скопје и Зоолошката градина, ќе добијат морски свет.
Неодамна, пак, во рамки на скопската ЗОО градина, беше најавена и изградбата на Дино паркот, во кој ќе има 50 диносауруси во природна големина.

Паркот, кој има едукативен карактер, ќе почне да се гради во февруари кај стариот влез на Зоолошката градина на површина од околу 3.000 квадратни метри.
Отворањето е планирано на почетокот на мај. Диносаурусите, кои ќе се движат и ќе испуштаат звуци, ќе бидат набавени од Кина.
За полесно снаоѓање на посетителите ќе бидат поставени информативни табли. Билетот за посета на Дино паркот ќе биде посебен, а цената симболична.
За уредување на Дино паркот од буџетот на Град Скопје, Зоолошката градина доби еден милиони денари.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]