Во текот на изминатата недела, јавното претпријатие ,,Комунална хигиена- Скопје” отвори пункт за собирање хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Република Албанија.
Вработените во претпријатието собраа 208 пакети со хуманитарна помош во вид на храна, облека, постелнина и хигиенски средства, што денеска во координација со Црвениот крст на Македонија беа испратени во местата погодени од земјотресот, информираа надлежните.

„Премногу сум им благодарен на вработените во ,,Комунална хигиена” што ја покажаа својата хуманост на дело, затоа што секој од нас и самиот лесно може да стане жртва на ваква елементарна непогода. Ќе настојувам хуманитарните акции во претпријатието да станат традиционални, со цел да им помогнеме и на сите наши социјално загрозени сограѓани кои имаат потреба од овој вид на помош.“- изјави директорот на ,,Комунална хигиена”, Абдусамед Шабани.
Акцијата за солидарна помош траеше три дена.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]