
Центарот за современи уметности- Скопје и Општина Центар ги промовираа урбано скулптуралните инсталцаии насловени како ,,Урбани Топоними”. Станува збор за акции наменети за зачувување на спомените на градот Скопје.
На промоцијата присуствуваа, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, тимот на Центарот за современи уметности и уметниците: Андреј Митевски, Љубиша Камењаров, Андреј Миневски и Александар Наумовски, автори на скулптуралните инсталации.
Идејата на овој проект е да ги означи значајните урбани топоними (микролокации) во Центар кои за помладите генерации скопјани, но и многуте граѓани од цела Македонија кои се доселени во Скопје, претставуваат целосна непознаница. А, за Скопје и одредени генерации скопјани претставуваат значајни места на кои се темели ориентацијата низ центарот на градот.
Во рамките на оваа акција, изработени се 4 скулптурални инсталации на специфични локации како што се – Рекорд, Стар ловец, Маџир Маало и Скопското корзо. На секоја од овие локации е поставена по една урбана инсталација која го збогатува и го објаснува локалниот контекст низ визуелниот приказ на уметноста, со директни информации за локацијата. Покрај секоја инсталација е поставена и табла со текст која низ урбани наративи ја објаснува акцијата и локацијата и нејзиното значење.
АВТОРИ НА ИНСТАЛАЦИИТЕ:
Андреј Митевски – Срце, за просторот на локација ,,Рекорд”
Љубиша Камењаров – Ловец/Волчко, за просторот кај ,,Стар Ловец”
Александар Наумовски – ,,Гулаби”, за просторот во Маџир Маало
Андреј Миневски – ,,Корзо”, за просторот на Корзо (Парк на Франкофонија)
Проектот е финасиски поддржан од Општина Центар, а е изработен од страна на Центарот за Современи уметности и визуелните уметници, збогатен со урбан антрополог.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]