Само во декември годинава, казнети се 235 загадувачи на амбиенталниот воздух, обелодени вечерва скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, во емисијата ,,Што не е јасно…” на ТВ ,,Алфа”. Информираше дека казните се движат од 50 до 15.000 евра, во зависност од прекршокот. Засилени се инспекциските контроли, а потенцираше дека во минатото имало само двајца инспектори за овој горлив проблем.
Највисоката изречена казна за загадувач е 10.000 евра на компанијата од кругот на Железарница, која испушти токсични материи во Вардар и тоа предизвика помор на риби.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]