Морам да признаам дека новата техничка вицепремиерка, Мила Царовска, начисто ме освои со видеото каде избра и ,,маче и куче” како миленици и со ,,ветеринарка”, на прашањето – ,,што сакаше да бидеш како мала?

Па, ја поздравувам со оваа урбана фотографија од скопските улици, која ја именував ,,Чаирска романтика”. Две кучиња, вчера, се бакнуваа и галеа на дождот на булевар Босна и Херцеговина.
ПРОЧИТАЈТЕ: ,,Пробиена нова улица кај ,,Алумина”, скратен патот до Тафталиџе”
Се надевам дека ќе придонесе со својата љубов за помош на беспомошните животни во градов, заедно со градоначалникот – Петре Шилегов. Онака како што придонесе за беспомошните деца, како министерка за труд и социјална политика.
Линк до видеото ,,30 прашања за Мила Царовска”:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2866366716727995&id=148427235188637
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]