Пишува: // Јорданка Ивановска-Јоци
Повредените вмровски симпатизери, исто како своевремено сдсмовците, денеска, ми ја вадеа прогнозата за ,,Локалните избори 2017″. Повредени, бидејќи напишав дека нема да формираат Влада во 2020 година. Пак ќе ризикувам.
Ги разбирам. Но, јас на вмровски челници им кажав и годинава дека нема да освојат Претседател, дека Стево Пендаровски ќе води уште во прв круг, па не ми веруваа. Ме прашаа, им кажав. Нивно е и сега дали ќе веруваат.

Туку, вмровциве, ми вадат како ,,алиби” за сопствено храбрење, прогноза за локални избори, која половина ја утнав, предвидов победа на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, Бутел, Кисела Вода, а во Ѓорче Петров и Аеродром напишав дека ќе биде тесно. Бидејќи, локални се тешки, но влегов во ризик. Ама, дечки, СДСМ, веќе поентираше со таа моја прогноза, ми ја качија на глава и највише си го ,,попи” екс-директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски. Кој, почна да ме навредува, па му укажав да заќути, бидејќи имам деликатни смс пораки од него со кои ќе правиме театар и ќе го скандализирам до бесвест година дена, па пушти као тужба, па ние му пуштивме што имаме, па се повлече. Па, го сменија човеков потоа.
Нооо…вмровците никако да ја извадат и објават мојата прогноза за ,,Парламентарни избори 2016″, каде пазете – укажав на опасноста од водство на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. И имено, коалиција за Влада со втората победничка партија. Еј, пазете, човек од ,,шарена” укажа на победа на Никола Груевски. Покрај сите тие силни протести и ,,бомби”.
Е, не им одговара на вмровците да признаат дека еден човек, јас, наспроти сите анкети и агенции со куп ресурси, предвиде предност на Груевски. Оваа прогноза не им се гледа важна за постирање. Ок, јас ќе ја објавам.


Целата анализа на следниот линк:
,,Македонија не смее да продолжи да живее во состојба на „laissez-faire“
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]