Пишува://Јорданка Ивановска-Јоци
Како изгледа еден обичен ден на вмровската постава, дел од техничката Влада и нивните медиумски поддржувачи.
Прво Наум или Димче држат прес за иселувањето на младите поради катастрофалната, очааајна, ,,содома и гомора” политика на СДСМ. Груевски не го споменуваат, двајцата биле во подрум 12 години, ткаеле јамболии.
Курирциве ќе пренесат, другите 20 сајта ќе препишат, а оние од ,,Алфа” ќе направат тв прилог на темата, евентуално Искра ќе викне некој од СДСМ и ќе здиви пред екран со тапа прашања од типот – ,,И сеа кој ги исече дрвјата на Пенов, а?…,,А, Кенеди СДСМ ли го уби, а?…Рада шо праеше вечерта коа загина Лејди Дајана, ајде да ве видам сеа шо ќе одговорите?”.
На Момироски од ,,Алфа” сектор му е само ,,Геро”, верувам веќе и си се викаат меѓусебе – ,,ој војводо, ој сердаре”. Толку ми се увежбани да глумат изненадени и шокирани од сопствените прашања и одговори, да мислам не е далеку денот кога двајцава ќе завршат во ,,Џери Спрингер шоу”, евентуално во локал караоке шоу во ,,Султана енд брадерс блуз кафе”. Вакви таленти не смеат да пропаднат, никако!
,,Инфомакси”, наталии, за тоа време, шеруваат икони од светци со молитви до Дедо Боже. Тоа до пладне.
Од пладне, па натаму го најавуваат Геро што ќе пишел вечерта и дали има во план во издишаниот му ,,Рекет” да ја уфрли ко главна улога Мадона или Мерилин Монро, која, во подвезицата на ,,Некои тоа го сакаат жешко” го криеше ,,покет вискито”.
Ете-криминал! Нов. Браос, Герич. Ете, нова слава.
И на крајот од денот, на тв, се појавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и вели – ,,Ќе донесам 4 милијарди евра инвестиции и ќе го исчистам воздухот за 50 отсто”.
Аууу, брате.
Секоја чест.
Браос.
Еве, Цветчо, кој влегува со нога во врата по канцеларии, ставете го ве молам министер за тие 4 милијарди инвестиции, ама во некој паралелен Универзум.
Во овој Универзум, мене, сериозно не ми е јасно како со ваква насилна и агресивна кампања и нереални ветувања мислите дека некој ќе гласа за вас.
За три недели техничка Влада направивте ,,босански лонец” – Преспански ќе сте го поништувале, името ќе сте го враќале, административен хаос на сите страни, фрштат закани кон новинари и неистомисленици, потоа т.н ,,комуњари” редовно се ,,колат” и се ,,бесат” на вмровски профили на фејсбуци, ,,ѕвездениве” кадри не знаат кога се садат јагоди, вмровски заменици министри влегуваат со ,,нога во врата” на административци како во некој филм со Џон Вејн….само што тој секогаш херојски спасуваше понекоја женска и ја ставаше на коњ. Вашиве заменици им се силат на жени по канцеларии.
Дечки, џабе играте на ,,бранковата карта” и врескате – ќе победиме, ќе напраиме р’шум на избори, Грујо ти си минатооо…Тоа беше негова игра со години, преслушајте му ги говорите.
И така некако отиде во пензија, откако сфати дека нема повеќе победнички методи. Јас уште тогаш велев – избори не се добиваат со врескање и психолошки навивања ,,многу сме јаки”, ама ок – ене го кај е 12 април. Гласачкото тело е созреано многу.
Една партија после 12-ти ќе си има сериозни проблеми, превирања, смени, распад, онаа која нема да формира Влада.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]